Search This Blog

Saturday, January 23, 2010

Двојни аршини – се фаворизираат државните Јавни претпријатија во однос на приватниот сектор

Се најавува дека се подготвува закон каде Јавните претпријатија ке имаат специјален третман за неплатените давачки кон државата. Јавните претпријатија под привилегирани услови на рати и со грејс-период до три години да ги плаќаат заостанатите даноци. Ова е тотално противуставно и противпазарно решение каде овие Јавни фирми се ставаат во привилегирани услови во однос на сите останати фирми кои сега и веднаш мора се да платат инаку им се блокира работата а за долгот тече лихварска дневна камата.               Повеќе ».....

  • Ова го предлагаат група пратеници од власта и опозицијата поради лошата состојба во јавните претпријатија и трговските друштва основани од државата, односно од општините или Град Скопје, кои имаат големи долгови за даноци кон Управата за јавни приходи (УЈП) и е доведена во прашање нивната ликвидност.
  • Според некои пресметки, станува збор за стотици милиони евра.
  • во јавниот сектор постојат огромни долгови по сите основи, вклучувајќи и даночни долгови.
  • Експертите сметаат дека ова е надвор од секоја пазарна логика и со ваква мерка се дискриминираат приватните компании кои за даночен долг ригорозно се казнуваат.
  • УЈП неодамна им блокираше сметки на десетина илјади фирми во земјава поради неисплатена бруто-плата.
  • Ова е целосно непазарен закон со кој повторно се истиснува приватниот сектор од економијата.
  • Како најголеми должници од јавниот сектор се споменуваат „Македонски шуми“, железницата, водостопанствата, поштата и други.

No comments:

Blog Archive

Site Meter