Search This Blog

Wednesday, May 26, 2010

Како да завршиш работа во државните служби (социјално, здравствено, пензиско …)

Ако сакате да завршите работа во некја од институциите на државата (сеедно дали е на централно или на локално ниво) најдобро за Вас е да пронајдете “пријател“ кој работи во неа. Пријателот Ви треба не за да завршите работа која не Ви следува туку напротив, Ви треба пријател за да завршите работа која Ви следува. Значи во практика ако имате работа во социјална, здравствена, даночна или да речеме пензиска установа сите бараме пријател кој работи внатре за да ни ја каже процедурата.             Повеќе ».....


Се прашувам јавно зошто такви луѓе не се предвидени во спецификацијата на потребните кадри на ваквите установи кои работат во/за интерес на граѓаните. Во пракса тоа би требало да изгледа така кога ке појдеш во било која државна институција а не ја знаеш процедурата, кога ке дојдеш во институцијата треба да се обратиш на некој за да те информира за твоите права и за постапката на остварување на твоето право. Да ти каже дали правото ти следува и да ти ја посочи процедурата како се остварува тоа право. За такво нешто најдобро би се снашле луѓето кои се во периодот пред пензионирање и имат долг работен стаж во службата.

Вакви појаснувања треба да се стават и на интернет страниците на јавните служби, секако и на огласните табли во самите служби, се едно дали се државни или локални. Во овој поглед има доста голем напредок во последните години – но ценам дека не е доволно, особено затоа што сеуште сите не користат интернет или не им е достапен или немаат потребно знаење за да го користат. Зато и се потребни луѓе кои би давале совети како да се заврши работа во соодветната служба (сеедно дали е од локален ли државен карактер). Ова би го скратило непродуктивното губење на време како на странките/граѓаните така и на особјето/администрацијата кое наместо да ја врши својата работа често на молба на странката ја објаснува процедурата. Заморени од појаснувања тие/службениците едноставно велат дека тоа не е нивна работа и така испаѓаат груби према странките.

Значи со мала реорганизација т.е. насочување/појаснување на странките како најбргу да завршат работа се кратат маките на странките и се оневозможува да има коруптивност во работењето на државните служби, кои често за услугата која ја пружаат осем платата примаат и разни подароци од странките како благодарност за завршената работа која на странката/граѓанинот секако и следува. Граѓанинот и неговите права мора да се закон за сите државни служби. Сето ова на крај ке доведе до ситуација од намалување на обемот на потребната администрација бидејки ке се зголеми нивната продуктивност.

No comments:

Blog Archive

Site Meter