Search This Blog

Sunday, May 30, 2010

Што се исплати а што не ?

Оние што се возрасни и имаат одговорност пред себе, пред својата фамилија и општеството често се во дилема да одговорат на прашањето: Што се исплати а што не ?. Често во моментот нешто изгледа исплатливо и ти тргаш по тој пат кој моментално ти изгледа исплатлив – но во периодот на време кој следи работите не одат така како што си планирал/ти изгледало/си очекувал, одат по лош пат и твојата одлука се покажува како неисправна/неисплатлива. За одлуката која си ја донел сам и се однесува на тебе одговараш сам со сите последиците од лошата одлука/избор.      Повеќе ».....


Во периодот додека си неполнолетен за тебе клучните одлуки најчесто ги носат родителите, често без твоја воља и без да те прашаат. Во некои култури до скоро дури и брачниот партнер ти го бираат родителите а последиците од таа одлука ги носиш цел живот. Родителите те усмеруваат и во школскиот систем и ти наместо добар мајстор на некој занает стануваш лош инжињер или лекар. Се бавиш со занимање кое не ти лежи на душата. Често лошиот избор неможеш да го промениш цел живот.

Така е и со општествениот живот други одлучуваат за тебе во таканаречени наизглед демократски систем. Некој на избори добил власт и наредните години додека му трае мандатот суверено владее со општествените ресурси/буџетите – често во тие периоди задолжува цели наредни генерации инвестирајки во погрешен развој и упропастувајки го животот на неколку наредни генерации. За вакви погрешни политички одлуки никој никојпат не одговарал, осем со евентуално историско оцрнување на неговата личност. Дали е тоа доволно. Не, не е доволно бидејки во текот на своите владеења луѓето на власт најчесто работат за своја сметка и за свои банкарски конта и имот. Зошто никој не се прашува од каде им е имотот на некогашните голтари кои дошле на власт, за кратко време на власта се нафатирале – а најголема им е казната дека ете во некои наредни избори ја изгубиле власта.

Зошто е тоа така и во нашиот случај, зошто никој не истражува од каде им е имотот на некогашните носители на власта. Едноставо е, има преќутен/непишан договор на врвните носители на власта за ненапаѓање.

Но да се вратам на основната тема што се исплати а што не за секој поединец е прашање кое секојпат заслужува често да си го поставиме и одвреме навреме да проверуваме дали сме на правиот пат или треба да го смениме курсот. Така е и за личните интереси но и за општествените. За личните судбини општествените организации/партиите често немаат осет и се водат од народната дека во просек сите јадат сарма. Се прашувам можеме ли лесно да влијаеме во општествените процеси од локално до високо државно ниво. Сите теории велат дека на долг рок може да се влијае и на општествените процеси – но за да дојде до промени често многу човечки судбини горат во тие борби за промени.

Можеме ли да и веруваме на оваа сегашна наша влст/и која не владее веќе четири години манипулирајки дека е таа единствениот чувар на нашите високи национални интереси – но, не ни испорачува резултати во подобрување на она од што се живее. Нема нови работни места иако ги ветија, нема подобар животен стандар иако го ветија, нема намалување на сиромаштијата иако ја ветија, нема нови патишта и нови капацитети за енергетски извори – иако ги ветија, нема инвестиции и развој иако го ветија … Ветија дека нема да не задолжуваат – но гледаме дека секојдневно го зголемуваат лимитот/процентот на задолжувањето за да останат на власт. За се што ветуваат го остваруваат со скапи кредити кои ке ги враќаат идните генерации а успесите си ги препишуваат за себе. Ветуваат  за периоди за кои немаат мандат бидејки власта има ограничено време, но сеедно тоа не им смета власт секојпат мисли дека вечно ке останат на власт и така се однесува.

Младите и способните одговарајки си на прашањет дали се исплати кариерата и животот да го тераат во Македонија се повеќе се одлучуваат на варијантата да си одат од тука бидејки научиле дека останувањето не се исплати, бидејки животот е еден единствен и со вакви структури и односи на власта иднина за нив нема во оваа држава. Вакви одлуки носат и обични работници/земјоделци кои неможат да се валоризираат тука. Ова е пораз на државната политика на цела транзициона Македонија, но се разбира тоа тие сами (власта) нема никојпат да го признаат. Промените се случуваат само на избори.

Драги мои, мислите секојат долго и добро дали Ви се исплати кога некого заокружувате на избори.

2 comments:

Unknown said...

Bravo za tekstov. Bi sakal da go seruvam na facebook za barem mojata bagra "drugarcinja" da go procita.

pozdrav

Photo Volan said...

Постирај го.

Blog Archive

Site Meter