Search This Blog

Tuesday, March 08, 2011

Владата пак “донираше“ ...

Околу божемното донирање на Владата ни,  од нашите заеднички пари веќе пишував - но Владата ни сепак сеуште се фали и “донира“ - овојпат вели дека автобусите кои се доделени на скопјани се донација од Владата ни. Не само што се сликааа кога појдоа првите десетина автобуси низ Скопје, туку на автобусите пишувало “Донација од Владата“ - срамно лажење ... Вистината е дека сите Македонци од цела Македонија ке ги платат во иднина, бидејки се тоа кредитни аранжмани - поголем дел од сумата ...

Подолу извадоци од постари пишувања на темата.
  • Најпрвин да видиме што е тоа донација - Донација е давање на подарок во форма на пари, разни предмети (облека, играчки, храна ...) имот и/или услуга (во форма на доброволна работа, медицинска грижа ...) ... која се дава вообичаено на/преку хуманитарна организација ... Личноста или правното лице која донира е давател на донацијата - а другата страна е примател на донацијата ... Се смета дека донацијата која се дава во име на некои други (не од свое име/џеб - не е веќе донација ...) ...
  • A donation is a gift given by physical or legal persons, typically for charitable purposes and/or to benefit a cause. ...
  • Донација је дар у форми новца, власништва и/или услуга, обично хуманитарној организацији. Вредност поклона се обично одбија од пореза. ...
  • Законот за донации и спонзорства во јавни дејности ...
  • Донатори ... За ползување на даночните поттикнувања предвидени со Законот за донации и спонзорства како донатори на донациите/спозорствата можат да се јават ... Индивидуални донатори ... Претпријатија
  • Донирањето кај нас поприми искривени/извитоперени вредности каде Политичарите истрчуваат со државни пари ... ке извршат донација за да се сликаат пред камери како демек ете они “се грижат“ - на пример за деца без родители ... за многудетни фамилии ... за деца со пречки во развој ... во елементарно погодени подрачја ... но донацијата не е од нивни пари/џеб туку од државни буџетски/наши заеднички пари ...
  • Донирањето кај нас поприми искривени/извитоперени вредности каде Политичарите истрчуваат со државни пари ... ке извршат донација за да се сликаат пред камери како демек ете они “се грижат“ - на пример за деца без родители ... за многудетни фамилии ... за деца со пречки во развој ... во елементарно погодени подрачја ... но донацијата не е од нивни пари/џеб туку од државни буџетски/наши заеднички пари ... 
  • Последните неколку години многу често во медиумите можеме да ја прочитаме “ВЛАДАТА ДОНИРАШЕ“, со истовремено специјално за таа намена свикан прес заради сликање на Премиерот ни - неретко во позадина со цела Влада. Да наредам неколку примери, ги има многу:
  • Владата донираше средства за изградба на некој, пат, водовод или незнам некој друг комунален проблем на некоја општина ... Ова вообичаено е дел на ангажман на општинските власти - но владата наместо само да пребаци пари на општинската каса која треба да е реализатор на проектот - како инвеститор се јавува директно владата и тоа во форма на донација ...
  • Владата донира пари на пример во културата, за разни фестивали ... Владини фунционери, најчесто Премиерот се покровители на такви манифестации и свечени гости кои го отвараат настанот ...
  • Владата донира пари во акцијата на граѓаните за пошумување на Македонија - сликајки се во таквите акции со лопата во рацете и млада фиданка ...
  • Владата донира пари за изградба на спортски објекти, големата спортска сала ... трибини за централниот фудбалски стадион ... стотина тениски игралишта ... спортска сала за секое школо ...
  • Владата донира пари за изградба на споменици ...
  • Владата ги помага религиозните заедници во нивната работа ... често гради и нови објекти со пари на граѓаните ... реконструкција на постари градби или изградбата на нови цркви и џамии ...
  • Владата често донира пари во лични трагедии на некои фамилии - тогаш кога за тоа ке разбере од медиумите ...
  • За нова година Владата донира пакетчиња за децата, особено за оние хендикепираните и децата без родители, се разбира сликајки се при тоа ...
За мене скоро во сите погорни случаи не е спорно што се трошат пари на граѓаните за сите горни намени ... спорно е што тоа се прави не како редовна активност за која политичарите се избрани/платени - туку се прави во форма на ДОНАЦИЈА ... за мене донација не може никако да биде трошење на заеднички пари, на пари од буџетот ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter