Search This Blog

Sunday, June 28, 2015

Како не Ви е срам ? ...

Повторно сон. Сите сонуваме, така вели науката - но многу малку од соновите остануваат во меморија во моментот на будење. Јас лично ретко паметам сонови - но во последно време често се случува да се разбудам од кошмарен сон во неможни ситуацции.

Овојпат сум во сон во бараката во која се вратив да живеам. Сонувам дека по крововите на бараките има снајперисти кои пукаат на се живо што ке излезе во нивниот дурбин. Се почудив што меѓу снарперистите беа и некои комшии. Одеднаш сонувам врева напред пред влезот во бараката. Гледам врие од полицајци кои нешто ставаат/вадат од мојата кола. Ги гледам од втори спрат јас стојам на некаков симс (што не постои) и им велам од горе што правите бе луѓе? Едно ситно полицајче небаре дете ми вели: најдовме дрога во твојата кола. Каква дрога бе душо, јас не сум н видел како таа изгледа. Тој влезе во колата и почна да вади зарзават и лубеници и ме прашува твое ли е ова. Вади една мала лубеница од која тече некаква течност. Прашува: твоја ли е лубеницата? Сватив дека во лубеницата ставиле течна дрога (зарем постои и таква). Јас наместо одговор пуштив друга лубеница одозгора над малата и таа паѓајки одозгора ја смачка малата лубеница. Малото “невино“ полицајче извика: видите сака да ме убие. Наеднаш сето оружје од десетиците полицајци се впери во мене. Што велам: зарем ке пукате во мене? Јасно ми беше дека сум наместен. Некако се симнав од симсот и почнав да се качувам по скалите и на полицајците им велам да одам да си ги земам личните докумети и телефоните. Попат ги прашувам обичните полицајци: како не Ви е срам вака да местите обични луѓе? Тие сите молчат и слегаат со рамениците. ...

Кога се пробудив сватив дека колата стои на неможно место, на место каде сега има доградба. Си велам - не не оставаат ни мирно да спиеме со нивните филмови.

Thursday, June 25, 2015

Сон за религијата ...“црковна школа“

Во последно време сонувам некои чудни сни. Овој од сношти е еден од таквите. Сонувам дека сум во средиште на некаква “мала црква“ која сум ја основал за да се остварат некои планови на мојата фамилија. Во сонот сум час дете (мали “буда“) час возрасен со одредени верски стратегии и планови. Некој од некаде ми вели дека треба да оснивам “своја црква“ во која ке примам ученици кои ке ја учат “религијата“ за која јас проповедам, во која верувам. Одпочеток има многу мал интерес за ова црква и во неа на почетокот се праќаат деца од фамилијата. Секое од децата (нивните родители) ги плаќаат часовите а парите се користат да се створат услови за “црковната школа“. Постепено “црковната школа“ станува се популарна и доаѓаат нови членови со чии пари црковната школа и црквата во оснивање станува економски одржлива.

Се пробудив од сонот и ме зачуди религиозната содржина на мојот сон. Првпат сонувам таква содржина. По убедување сум атеиста, но верувам во некои надприродни закни и сили. Ги почитувам оние кои веруваат а самиот почитувам одредени традиционални верски празници и случувања со православната вероисповест. Можеби тука се замешани моите историски корени на фамилијата во која има долга лоза на црковни верослужители попови, кои служеле по наслена лоза во црквата во чија близина сум роден ...

Friday, June 19, 2015

Избеглици ... мигранти ...

Продаваш набрзина се што имаш, си го пакуваш животот во еден ранец и фаќаш џаде од неколку иљади километри во потрага за “иднина“. Секаде каде во минтатите неколку годин се случуваа таканаречен пролетни револуции сега има невиден бран на избеглици кои мигрираат кон ЕУ, поточно Германија. Патуваат било како ако треба и пешки - нелегално поминуваат граници и одат кон зацртаната цел како кога јагулите одат кон местото на мрестење - по секоја цена. Ние сме на рутата на избглици од Сирија, Сомалија, Авганистан, Ирак ...

Во исто време ние сме и самите избеглици. Колку Роми мигрираа/т кон Германија. Албанците овие нашите а особено оние од Косово на свој начин мигрираат кон западот. Останатите Македонци мигрираат преку бугарски пасоши, преку образование или конкурираат за било кое и какво работно место. На брод, на платформа, во Авганистан - пратат интернет огласи. Образованите особено инжењерските струки, информатичарите, лекарите и медицинските сестри се најбарана група на мади образовани луѓе кои мигрираат кон сите светски центри кои бараат такв кадри ...

Wednesday, June 17, 2015

Замочување ...

Кога куче, маче или било кое животно ке сака да  се пријави како владетел на одредена мини територија каде пребива - замочува. Со својот смрдеж ја бележи територијата, ја засмрдува за да на другите тука не им се примирисува.

Тоа го прави и грујо (намерно со мала буква) наш - голем “маж“. Го замоча центарот на Скопје со своите фантазерски илузии за истакнување на неговите големи замисли од малиот му мозок. Секоја празна површина низ центарот на Скопје (богми и низ другите поголеми градови) е замочана, дал со споменик од умислените му историски фаци, дал со гипсарскиот барок и неокласицизам. Фонтана која зборува и светуца, со коњаник на кој најасно му се гледаат ташаците, триумфална капија на глупоста, насадени споменици на сите мртви херои, нанижани зградурини наместо кеј и шеталите, жални врби, плажи низ канализацијата на Вардар украсени со палми, барокни фасади од гипс кој демек личи на мермер, мостови со наредени надгробни споменици и безброј други глупости кои не се добројуваат. Сето тоа со сенародни пари, а богами и кредити - бидејки му се може и се било законски.

Искрено му успева. Мене ке ме видите покрај овие замочувања само кога морам да порминам од таму. Ке ме видите како со марамче на уста и нос се бранам од гадниот мирис на мочката на грујо, со темни наочри за да мислам дека не го гледам тоа што ме сопнува. Младите пак смрдеата ги тера да одат по светските дестинации за парче леб со желба ич да не се вратат за да не им смрди груевизмот. Сега ни фали гола скопјанка да се избања во јавниот бањарник заедно со група ромчиња кои итака немаат друга бања. Скопје веќе во месецот на липите не мириса на липите сега смрди од груевизмот ...

Friday, June 12, 2015

Кој кого политички ке проголта ... биполарна политичка голгота ...

Нашата сегашна политичка реалност на кратко кажано е бедна/болна.

На власт е демек десно орјентираната партија ВМРО-ДПМНЕ со своите сателити обединети околу една програма и платформа која веќе не донесува резултат ниту за ВМРО-ДПМНЕ ниту за државата. Се виде дека нивната реторика дека се тие народна партија падна во вода кога се откри дека е тоа само една добро осмислена мафијашка политичка банда (која си има своја држава), која преку партијата направила дефакто злосторничко здружување за подјармување на македонскиот народ. Демек се десна партија - но владеат со методи на левите партии. При избори се повикуваат на најсиромашните слоеви на работничката класа, социјалните структури и селанството - што е простор за левите програми и партии. Силно го трошат буџетот за стимулации во земјоделието и демек отварање на нови работни места. Се` со цел политички да ги поткупат гласачите и да им ветат она што реално неможат да им го испорачаат. Неможат бидејки тие реално повеќе трошат пари отколку што се резултатите од потрошениот заеднички буџет. Притоа ги кријат резултатите и манипулираат со сите бројки кои ги соопштуваат на МК и светската јавност. Носат закони за да нивната дефакто гола кражба за лични цели се покрие со слово на закон. Не го соопштуваат долгот, кој еден ден ке не поклопи сите и ке не кутне во дожнички амбис од кој нема повраток. Притоа најново видовме дека од себе и од своите фамилии ствараат најмоќни и најбогати сопственици на се` што МК поседува.  На помош при своите злосторнички намери го користат национализмот од најтешкиот вид. Го поделија националното ткиво во сите правци и со методата “подели па владај“ владеат со методи на присила и заплашување. Измислуваат нова идеологија и продаваат бајки. Секојденевно не трујат преку партијските мегафони (платени од заедничките пари од буџетот) се` со цел да не се чуе некој друг кој има различно мислење од нивното.

Од друга страна на биполарната поделба на политичката МК голгота стои СДСМ. Партија која себе се прогласи дека е државотворна, партија која во новата МК историја спроведе неколку контраверзни политички проети од кои најлошиот секако беше пљачакашката приватизација за без пари, каде направија олигархија која понатаму секојпат е со победичката партија. СДСМ всушност е творецот на овој сегашниот бипатизам кој предизвикува политичка безизлена голгота. Тие преку тајната полиција се креатори на ВМРО-ДПМНЕ со цел да имаат кого политички да газат како “шлепер жаба“ (позната изрека од Бране) ...  СДСМ демек лево орјентирана политичка партија владееше со ароганција дека се незаменливи. Во своите први редови створи политички фигури кои не приличат на левите политички партии. Створи арогантност и лично богатство на оние кои се доближија до политичките фигури кои ја предвоеда државата кога они беа на власт. Сега веќе девета година се во опозиција и ги бие клетвата дека кога ВМРО ке дојде на власт ке опстане 100 години. ВМРО-ДПМНЕ само ја усоврши ефикасноста на владеењето на СДСМ со мезтоди каде само оној кој ке го земе политичкото мнозинство (најчесто покриено само со 25 проценти од вкупното гласачко тело) - добива се, апсолутно се што поседува Македонија сесе судбините на секој МК граѓанин. Во ова деветгодишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ изгуби скоро се. Најпрвин ги изгуби олигарсите кои ги створи, го изгуби гласачкото тело кое не е нивно членство, неопределените и голем дел од интелегенцијата. Во последните неколку години СДСМ се доближи до структура на граѓанските здрженија кои претежно беа финасирани од СОРОС. Во овие граѓански здруженија постојат индивидуалци кои имаат нови идеи кои СДСМ сега ги вградува како свои и имаме тенденција дека некој некого политички ке проголта. Или СДСМ ке ги проголта овие луѓе од граѓанските здруженија кои се способни да дадат нови идеи и нови лица - неопходни да се почене нов почеток на владение на СДСМ. Но граѓанските здруженија не се даваат така лесно. Тие му порачаа на СДСМ дека тие имаат многу повисоки цели од целите на СДСМ. Дали тие преку промената на целите на СДСМ ке го проголтаат СДСМ и ке го трансформираат во нешто што ке го видиме подоцна, ке видиме на следните избори.

На двата поитичка антипода од МК блок на политички партии се прилепуваат партиите на етничките албанци кои иако се демек различни имаат една цел а тоа е остварување на целите на албанците од Македонија. Да приграбат што поголема територија (секако додека се на власт преку тендерската поделба убаво лично да се офајдат) и во згоден момент да се обединат со матицата на Албанија во една сеалбанса држава. Во оваа цел албанските партии имаат силна подршка на политикат на американците. Американците воено имаат потреба да во некаква територија на Европаа имаат парче земја кеде ке прават тоа што сакаат. Од другите делови на Европа се територијално потиснати. Албанија е последно упориште и сега им треба проширување. Косово го освојија и прават држава од него, која во згоден момент ке се приклучи кон албанската матица. Другите територии кои се дел од замислената сеалбанска територија се освојуваат чекор по чекор, онака да се заврши работата а да не се сети никој зошто тоа така се прави ...

Која е нашата шанса ако сеуште ја имаме. Мора да се појави нова поитичка структура која досега не учествувала во власта. Стрктура која ке има политички капацитет да ја преземе одговорноста за иднината на Македонија и Македонците. За да се случи тоа веројатно ке мора да се смени и голем дел на политичкиот модел на МК држава каде политичкиот победник добива се а останатите ништо. Ако СДСМ сега тоа не го избоксува во политичкиот дил со ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ полека ке изгуби се`, бидејки во своитге редови нема соодветни политички фигури во кои МК гласач ке препознае нови лидери. Проголтувањето меѓу СДСМ и граѓанското здружување (сосе пленумите) мора да се случи во корист на неопределените глсачи кои така ке препознаат нова надеж и ке го поразат биполарниот систем на политичката МК голгота на Курто и Мурто. Секако мора да се зададе смртоносен удар на цултанократијата во МК политичко здржување преку прост систем никој да не може повеќе од два пати да биде на чена позиција ниту во партијата ниту во државата. Надежта секојпат доаѓа со нови лица кои носат нови идеи.

Monday, June 08, 2015

Учење од порази ... успивање со фингирани победи ...

Животот учи дека учењето од порази/грешки е поголемо од учењето од победи. Новак Ѓоковиќ по третпат учи во финалето на Роланд Гарос на болен пораз. Поразот во Париз го прави појак за да победува поворно. Ние упорно ги сакаме само победите и победниците. Ни се слчува суровата реалност - не мошеме ништо да научиме од борбени порази туку не успиваат со фингирани победи ...

Blog Archive

Site Meter