Search This Blog

Wednesday, June 17, 2015

Замочување ...

Кога куче, маче или било кое животно ке сака да  се пријави како владетел на одредена мини територија каде пребива - замочува. Со својот смрдеж ја бележи територијата, ја засмрдува за да на другите тука не им се примирисува.

Тоа го прави и грујо (намерно со мала буква) наш - голем “маж“. Го замоча центарот на Скопје со своите фантазерски илузии за истакнување на неговите големи замисли од малиот му мозок. Секоја празна површина низ центарот на Скопје (богми и низ другите поголеми градови) е замочана, дал со споменик од умислените му историски фаци, дал со гипсарскиот барок и неокласицизам. Фонтана која зборува и светуца, со коњаник на кој најасно му се гледаат ташаците, триумфална капија на глупоста, насадени споменици на сите мртви херои, нанижани зградурини наместо кеј и шеталите, жални врби, плажи низ канализацијата на Вардар украсени со палми, барокни фасади од гипс кој демек личи на мермер, мостови со наредени надгробни споменици и безброј други глупости кои не се добројуваат. Сето тоа со сенародни пари, а богами и кредити - бидејки му се може и се било законски.

Искрено му успева. Мене ке ме видите покрај овие замочувања само кога морам да порминам од таму. Ке ме видите како со марамче на уста и нос се бранам од гадниот мирис на мочката на грујо, со темни наочри за да мислам дека не го гледам тоа што ме сопнува. Младите пак смрдеата ги тера да одат по светските дестинации за парче леб со желба ич да не се вратат за да не им смрди груевизмот. Сега ни фали гола скопјанка да се избања во јавниот бањарник заедно со група ромчиња кои итака немаат друга бања. Скопје веќе во месецот на липите не мириса на липите сега смрди од груевизмот ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter