Search This Blog

Wednesday, May 18, 2016

Патување низ времето во минатото низ македонските стари и свети места.

Уште од школските времиња ме привлекуваше историјската наука која всушност патува низ минатите времиња и цивилизации раскажувајки ни како се живеело некогаш. Во младоста како и секој млад човек ме интересираше одкривањето на самиот себе, ме интересираа сите работи кои ги интересираат сите млади - ме интересираше вљубеноста и љубовка... Во раните млади години (кога започнува зрелоста) кога формирав семејство, ме обзема потребата да обезбедам иднина за мојата фамилија и моите деца. Да ги израстам и воспитам моите деца - од две кила месо, се до период на завршувањето на нивното школување, кога ке го доживеам моментот да тие самите почнуваат да летаат низ својот живот. Секојпат се обидував да ги научам самите да ловат риби. Во тој зрел период од животот кога незабележително почнува староста (есента и зимата на животот на секој човек) повторно ми се врати љубовта и интересот кон историјата пред се на мојот роден крај но и светската историја. Тогаш почнав да ги пратам археолошките истражувања кои во последните десетина години во Македонија испливаа на површина и како да добија задача да го докажат името (Македонија, Македонски народ, Македонска нација, Македонски јазик ... Република Македонија ...) кое го носи овој Македноски народ - кој меѓу последните нации на балканот формира своја држава и државност.

Некаде пред десетина години започна ерата на интернетот. Тогаш препознав дека интернетот за кратко време ке стане новата светска александријска библиотека и дека ке се развие заедно со развојот на информатиката и компјутеризацијата како последна индустријска револција. Пред дваесетиосум години ја купив мојата прва видео камера (Сони супер 8) и тогаш со неа ги филмував и го документирав мојот фамилијарен живот и растот на мојата фамилија со посебен акцент на моите деца. Од секојпат од кога знам за себе имав фото апарат. Најпрвин тоа беше неизбежната Смена 8. Потоа дојде аналогна фото камера во боја Коника. Пред десетина години дојдов во посед на првиот дигитален апарат за мали фамилијарни потреби - Canon PowerShot A430. На ‎04 ‎јули ‎2007 година го купив мојот омилен фото апарат OLYMPUS SP550UZ со кој ги направив моите први посериозни обиди за дигитална фотографија и полека од обичен фото аматер прераснував во напреден фотограф аматер. Бидејки осеќав дека е време да се посветам на попрофесионална опрема за фотографија на ‎24 ‎јули ‎2012 го купив мојот сегашен професионален фото апарат NIKON D800E со неколку објективи и друга фото опрема. Со мојата фото опрема почнав да ги посетувам старите и светите места во Македонија. Сето тоа го пренесував во моите написи со фото прилози на моите блогови. Почнав да блогирам со неколку мои блогови од почетокот на 2006. Стално имав проблеми да ги хостирам моите фотографии бидејки тогаш не се нудеше бесплатно хостирање на фотографите. Увидувајки дека Фејзбук е првото место кое нуди бесплатно хостирање на фотографии без ограничување почнав да ги запишувам моите фото приказни од МК стари и свети места на мојот Фејзбук профил. Пред седум години ја формирав и Фејзбук фото групата MACEDONIA - Foto Stories. Така повеке од десетина години трае моето патување низ времето по македонските стари и свети места. Ке посакав да посетам некое старо и свето место, ке го посетев, фотографирав и лично ке го доживеев. Потоа следуваше проучување на написи и книги за тоа место и од сето тоа произлегуваше фото запис со пригоден напис на моите блогови и мојот ФБ профил. Некои места се повеќекратно посетени и секојпат одново ке ја почувствував енергијата на старото и свето место, сеедно дали е тоа само некое старо дрво, област каде ке осетам енергија кога расте мојот адреналин или е стар манастир, џамија, археолошки локалитет ...

Најнов проект/идеја кој/а ми е во зародиш е да од сето тоа направам свој личен тајмлајн на патувањето низ времето во минатото низ македонските стари и свети места. Така секојпат споредувајки ги датумите на градбите на нашите стари и свети места ке знам колку вредиме кога ке посетам некој значаен објект, градба или место низ светските градови. Ние имаме обичај да си ја подценуваме нашата вредност, култура и историја од една страна - но имаме и обичај да го преценуваме сето тоа посакувајки да кажеме (некои од нас) дека се` од нас почнало и дека ние и амебите сме најстари ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter