Search This Blog

Monday, March 13, 2017

Балкан - На линија на огнот - Две балкански држави се пред распад – Геополитичка криза.

Последната изјави од ЕУ званичниците од последниот ЕУ самит беше констатацијата дека (Лајчак) две балкански држави се пред распад (се мисли на Босна и Македонија) и три балкански држави се во криза (Србија, Црна гора и Албанија). Ако на тоа ја додадеме изјавата на Кери пред некоја година (Февруари 2015) кога рече дека истиве балканки држави се на линија на огнот. Тука да го вклопиме и најновето предупредување на Могерини во Скопје - дека регионот влегува во геополитичка криза. На сето тоа мора да го додадеме и фактот дека се наоѓаме на Балкан каде во историјата најлесно се палат воените судири во кои се пролеава највеќе наша балканска крв.
Ако сето ова го знаат нашите политичари бидејки нели тоа им е работа – што(политичарите) треба да ни испорачаат на нас обичните граѓани за да во сите овие игри не изиграваме трева на која ке се играат слоновите, бидејки ако до тоа дојде од нас ке остане едно големо ништо. Наместо низ дијалог да ја смируваат ситуацијата тие без здрава памет пробуваат малата бистра вода од изворот на стабилноста во нашата држава да ја навртуват на својата воденица. До пред извесно време едните водеа народ низ улиците на Македонија и го пропагираа својот став (својата вистина) сега имаме ситуација на улица да излезат другите и да го пропагираат својот став (својата вистина). Наместо тоа да го прават во институциите на системот - тие институциите ги уништуваат и ни ја нудат (наместо демократските придобивки и методи) само улицата како опција каде може да ги слушнеме нивните екстремистички ставови и размислувања. Немаме Собрание (не е докрај конституирано), немаме Влада (оваа која ја имаме е само привремена која требаше да трае до завршетокот на изборите), судството ни е уништено (од корумпираните избори на судиите и разните местенки кои таму се случуваат), немаме Претседател како татко на нацијата (сегашниот Претседател нема капацитет ниту воља да биде обединител), немаме здрави политички партии и политичари (сегашниве се само таканаречени султан партии и султани), немаме независно новинарсство и новинари (сегашниве се само нечии наемници/платеници) – за на крај да констатираме дека немаме демократија (сега се случуваат најретроградните процеси на гушење на демократијата, преку гушење на правото на политичките избраници да ги користат демократските средства и методи кои треба да им стојат на располагање). Уставот кој треба да ни биде алфа и омега сите го кршат и тумачат, повикувајки се на него.
Од итро етнички судир сега топката се пребацува на полето на етнички судир/и кои знаеме дека имаат капацитет да прераснат во крвави сценарија – едно такво имавме во 2001-вата.
Што ни останува на нас обичните граѓани кои не се заинтересирани премногу да се вбројат ниту во едните ниту во другите ниту во третите редови (стада). Од сите директни учесници имаме повик да им се приклучиме во нивната борба и пропаганда за нивната вистина.

Нас ни останува да бидеме претпазливи, паметни и трпеливи. Да ослушнуваме, слушаме и чекаме да се дигне маглата, да бегаме од матната вода и матните сценарија за да не не зафати вителот и жарот на огнот кој сите го расплантуваат. Да бидеме мудри.

No comments:

Blog Archive

Site Meter